Линкови за пристапност

Ноемвриските конгресни избори - референдум за политиката на Обама


Ноемвриските конгресни избори - референдум за политиката на Обама
Ноемвриските конгресни избори - референдум за политиката на Обама

Републиканците треба да освојат 40 места во Претставничкиот дом за да ја преземат контролата во тој дом, што ја загубија на конгресните избори во 2006-та

Републиканците се убедени дека имаат шанси за добивање повеќе места на ноемвриските избори. Ќе се гласа за сите 435 места во Претставничкиот дом и за една третина од 100-те сенаторски места.

Републиканците треба да освојат 40 места во Претставничкиот дом за да ја преземат контролата во тој дом, што ја загубија на конгресните избори во 2006-та.

Џон Фортиер е политички стручњак во американскиот институт Ентерпрајс во Вашингтон. Тој вели дека цифрата на места што најверојатно републиканците ќе ги освојат се движи меѓу 20 и 30 и дека во овој момент не очекува да освојат мнозинството. Но, ака успеат, додава тој, тоа ќе биде многу значајна победа зашто ќе го промени курсот на претседателствувањето на Барак Обама.

Некои аналитичари предвидуваат дека републиканците имаат добра шанса да освојат 40 места за мнозинство.

Преземањето на власта од републиканците во Претставничкиот дом во голема мерка ќе ја намали можноста претседателот Обама да ја спроведе својата агендата преку конгресот. Демократите во моментов контролираат 59 од 100 места во Сенатот, но добивка од страна на републиканците би значело дека на малцинството ќе му биде полесно да блокира или порази демократска легислатива.

Независните гласачи , кои вообичаено се приклонуваа на демократските конгресни кандидати во 2006-та и 2008-ма, сега се чини дека се наклонети кон Републиканската партија, вели Дејвид Васерман, од Политичкиот извештај Кук.

Партијата што ја контролира Белата куќа, историски губи конгресни места во првите избори на половина од мандатот на претседателот.

Стручњаците велат дека претседателот Обама и демократите ќе мора повеќе да се трудат да осигураат дека нивните приврзаници ќе излезат на изборите во ноември за да одговорат на енергијата од републиканската страна.

Претседателот и Демократите се очекува да го нагласат неодамнешното усвојување на реформите во здравствениот сектор во надеж дека ќе ги мотивираат нивните симпатизери, вели Том ДеФренк од вашингтонското дописништво на Њујорк Дејли Њуз: „Белата куќа се надева да капитализира на усвоеното и дека Обама ќе влезе во учебниците по историја без оглед како ќе се покаже, а посебно што владата сега може да се сврти кон економијата. Тие знаат дека иднината на Обама за еден или два мандата нема да зависи од расположението на граѓаните за реформата на здравствената заштита, туку од економијата во земјата.“

Историски погледнато, друг клучен момент во конгресните избори на половина на претседателскиот мандат е рејтингот на претседателот. Неодамнешни анкети покажуваат пад на одобрувањето на неговата работа под 50 отсто.

Демократите се надеваат дека знаците за подобрување на американската економија ќе ги подобрат шансите да го одржат конгресното мнозинство, но се очекува уште една разврска што може да ги разбуди политичките страсти во државата, а тоа е расправата по кандидатот што треба да дојде во Врховниот суд на САД на место на судијата Џон Пол Стивенс, кој најави повлекување.

XS
SM
MD
LG