Линкови за пристапност

САД: Убиен лидер на Ал Каида со седиште во Пакистан


САД: Убиен лидер на Ал Каида со седиште во Пакистан
САД: Убиен лидер на Ал Каида со седиште во Пакистан

Се верува дека во нападот со американско беспилотно летало загинале и сопругата на Јазид, три од неговите ќерки, внука, неколку други мажи, жени и деца.

Американски разузнавачки претставник кој побара да остане анонимен, изјави дека трет по ранг лидер на терористичката мрежа Ал Каида, Мустафа Абу ал-Јазид, бил убиен при американски ракетен напад во Пакистан.

Според овој претставник, разузнавањето има „силна причина“ да верува дека Јазид, познат како Шеик Саид ал-Масри, бил убиен за време на воздушен напад додека се криел во племенски области во Пакистан. Приватни разузнавачки агенции велат дека веста за неговата смрт била објавена на неколку радикални исламски веб-страници.

Се верува дека во нападот со американско беспилотно летало загинале и сопругата на Јазид, три од неговите ќерки, внука, неколку други мажи, жени и деца.

Јазид, родум од Египет, ги предводел активностите на Ал Каида во Авганистан и Пакистан, и тоа преку финансирање и оперативно планирање. Тој бил тесно поврзан со Осама бин Ладен, а ги одржувал и банкарските сметки со седиште на Блискиот Исток, користени за финансирање на терористичките напади врз САД на 11-ти септември, 2001-ва.

XS
SM
MD
LG