Весникот Вашингтон пост вели дека американскиот претседател Барак Обама се подготвува да побара од Пакистан итни и специфични информации во врска со неуспешниот обид за напад со автомобил-бомба на Тајмс сквер во Њујорк.
Весникот цитира неименуван претставник на Белата куќа, кој вели дека САД и Пакистан треба да разменат информации за случајот.
Истиот извор се цитира дека рекол оти администрацијата на Обама планира до крајот на неделава да испрати детално барање за соработка со пакистанските власти.
Американските власти велат дека осомничениот напаѓач Фаисал Шахзад изјавил дека бил обучен за правење бомба во Пакистан, каде што е роден.
Пакистански Талебан ја презема одговорноста за обидот за напад на Тајмс сквер во Њујорк. Сепак, портпаролот на пакистанската армија, генерал мајорот Атар Абас, во средата изјави дека армијата не верува оти пакистански Талебан му помогнал на Шахзад.
Американските претставници велат дека Шахзад соработувал при дводневното испрашување од страна на Федералното истражно биро, откако се откажа од своето право да биде испрашуван во суд.