Владата на американскиот претседател Барак Обама вели дека ќе продолжи со обидите да го применува шестмесечниот мораториум за подводно дупчење, и покрај судската одлука против него.
Американски федерален судија вторникот ја отфрли забраната, велејќи дека е преширока.
Белата куќа најави жалба на пресудата. Американскиот секретар за внатрешни работи Кен Салазар планира наредниве неколку дена да издаде нова, подетална наредба како поддршка на мораториумот.
Претседателот Обама го воведе мораториумот на 27-ми мај, реагирајќи на експлозијата на платформа за подводно дупчење на Бритиш петролеум во Мексиканскиот Залив. Експлозијата го предизвика обемното нафтено излевање што се уште не е запрено.
Членови на сенатска поткомисија средата на распит ќе го чујат излагањето на директорот на новосоздадената владина агенција обвинета задолжена за надгледување на крајбрежното нафтено и гасно дупчење. Во подготвеното излагање, Мајкл Бромвич вели дека ќе креира нов тим што ќе спроведе истрага за непочитување на процедурите и итно ќе се справи со потенцијалните проблеми.