Линкови за пристапност

Поддршка за влез на Македонија во НАТО од унгарските Американци


Поддршка за влез на Македонија во НАТО од унгарските Американци
Поддршка за влез на Македонија во НАТО од унгарските Американци

Военото искуство само ја потенцира македонската определба на почитување на вредностите на Северноатланската алијанса“, се наведува во писмото на коалицијата до американскиот лидер потпишано од нејзиниот претседател Максимилијан Телеки.

На 12-ти ноември Унгарско-американската коалиција која брои 1,5 милиони членови, Американци со унгарско потекло, испрати писмо до американскиот претседател Барак Обама, повикувајќи на негова јасна поддршка за аспирациите на Македонија за членство во НАТО.

Поддршка за влез на Македонија во НАТО од унгарските Американци
Поддршка за влез на Македонија во НАТО од унгарските Американци
„Македонија е сојузник на НАТО со години, придонесувајќи со свои војници во мисиите во Косово, Ирак и Авганистан и во мировните операции во Босна и Либан. Ваквото воено искуство само ја потенцира македонската определба на почитување на вредностите на Северноатланската алијанса“, се наведува во писмото на коалицијата до американскиот лидер потпишано од нејзиниот претседател Максимилијан Телеки.

„Македонија, според сите стандарди е подготвена да и` се придржи на Алијансата и несреќното прашање за спорот околу името сметаме дека не треба да влијае на членството во НАТО“, стои понатаму во писмото.

Унгарско-американската коалиција во писмото наведува дека се надева оти претседателот Обама ќе може да помогне во напорите Македонија да добие официјална покана на претстојниот самит на НАТО што на 19-ти ноември ќе се одржи во Лисабон, Португалија.

XS
SM
MD
LG