Линкови за пристапност

Американка од арапско потекло стана Мис на Америка


Рима Факих, либанска имигрантка, ја освои титулата откако победи во категоријата за носење костум за капење, вечерен фустан и во давање одговори во интервју

24-годишната Американка од арапско потекло ја освои титулата Мис на Америка на годишниот избор што се одржа во Лас Вегас.

Рима Факих, либанска имигрантка, ја освои титулата откако победи во категоријата за носење костум за капење, вечерен фустан и во давање одговори во интервју.

За време на натпреварувањето, таа за малку ќе се сопнеше во нејзиниот вечерен фустан, но на крајот ги победи сите конкурентки од 50-те сојузни држави и од Дистриктот Колумбија.

Факих, дошла во САД како бебе и се верува дека е прва Американка со арапско потекло и Муслиманка која ја освоила титулата – најубава жена во САД.

На организаторите на настанот, таа им рекла дека нејзиното семејство ги слави и католичките и муслиманските празници.

XS
SM
MD
LG