Во источната американска сојузна држава Западна Вирџинија, најмалку 25 рудари загинаа, а четворица се водат за исчезнати во експлозијата во рудник за јаглен.
Официјални лица велат дека спасувачките екипи привремено ги запреле операции поради големата концентрација на опасни гасови. Тие планираат да продупчат отвори што ќе служат за вентилација, за спасувачките екипи да можат ја продолжат работата.
Официјалниот претставник за безбедност во рудниците, Кевин Стриклин вели дека има мала надеж за преживеани. Тој вели дека количеството на метан во рудникот индицира дека веројатно се случила втора експлозија.
Повеќето од рударите беа пронајдени мртви повеќе од два километри под површината земјата.
Гувернерот на Западна Вирџинија Џо Манчин вели дека тројца од жртвите се членови од исто семејство.