Рускиот претседател Дмитри Медведев го окарактеризира нуклеарниот самит во Вашингтон како целосен успех.
Медведев пред присутните во институцијата Брукингс во Вашингтон рече дека самитот ја потврдил длабоката загриженост на земјите за непролиферацијата.
Русија на самитот најави дека го затвара последниот реактор за плутониум со чистота што може да се употреби за правење оружје, кој работеше 52 години во Сибир.
Медведев се заложи за промена на атмосферата во американско-руските односи и рече дека Русија ќе работи на решавање на глобалните проблеми.
Тој рече дека САД и Русија треба да избегнуваат еден на друг да кажуваат како да живеат.