Линкови за пристапност

Амбасадата на САД реагираше на „Викиликс“


Амбасадата на САД реагираше на „Викиликс“
Амбасадата на САД реагираше на „Викиликс“

„Објавените делови од документите честопати се прелиминарни и нецелосни во однос на развојот и искажувањето на надворешната политика на САД“, се вели во реакцијата на американската амбасада

„Не можеме да коментираме дали документите објавени во медиумите се автентични како документи од Стејт департментот, но можеме да зборуваме општо за она што претставуваат телеграмите на Стејт департментот“, се вели во реакцијата на Амбасадата на САД во Скопје, откако медиумите во Македонија објавија делови од документите од Интернет-страницата на Викиликс што се однесуваат на грчко-македонскиот спор за името.

„Тие ги рефлектираат секојдневните анализи и отворени проценки што ги прави секоја влада како дел од едни ефикасни надворешни односи. Тие честопати се прелиминарни и нецелосни во однос на развојот и искажувањето на надворешната политика на САД“, се вели во реакцијата на американската амбасада.

Она што денеска е главна тема на македонските медиуми вчера го најави лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи, нарекувајќи ги „страшни документи за сегашната влада, за наводна вмешаност на Грција во конфликтот од 2001-ва година и поврзаност со албански структури во сегашната власт“.

XS
SM
MD
LG