Киргистанската привремена влада вели дека соборениот претседател Курманбек Бакијев потпишал официјален документ за оставка.
Соопштението доаѓа по патувањето на соборениот лидер во соседен Казахстан во четврток, во потег организиран од претседателите на САД, Русија и Казахстан, како и со медијатори од Европската унија.
Во соопштение, Организацијата за безбедност и соработка заминувањето на Бакијев го нарече „важен чекор“ кон стабилизирање на ситуацијата и спречување на граѓанска војна.
Киргистанската привремена влада, предводена од Роза Отунбајева, бараше од Бакијев да ја напушти земјата или во спротивно ќе се соочи со апсење.
Бакијев последнава недела беше засолнет во јужен Киргистан откако неговите безбедносни сили пукаа на анти-владините протестанти на 7 април во главниот град, Бишкек, при што беа убиени 84 лица.
Порано во четвртокот Бакијев требаше да биде однесен на безбедно место откако избувна престрелка на собир на неговите подржувачи во јужен Киргистан.
Во соопштение, Организацијата за безбедност и соработка заминувањето на Бакијев го нарече „важен чекор“ кон стабилизирање на ситуацијата и спречување на граѓанска војна