Линкови за пристапност

Изборниот ривал на Карзаи го враќа ударот по обвинувањата за измама


Поранешниот министер за надворешни работи на репортерите во Кабул им рече дека коментарите на Карзаи имаат цел да бидат „популистички“ и „против странците“

Главниот ривал на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Абдула Абдула, го обвини актуелниот шеф на државата за менување на фокусот од војната против Талебан на обвинувања на адреса на меѓународната заендица за лажирање на изборите.

Поранешниот министер за надворешни работи на репортерите во Кабул им рече дека коментарите на Карзаи имаат цел да бидат „популистички“ и „против странците“.

Во четвртокот, претседателот Карзаи пред членови од изборната комисија им рече дека странците треба да се сметаат за виновни за широкораспротранетата измама со гласачките ливчиња на претседателските избори од 20-ти август.

Авганистанскиот лидер посочи на шефот на набљудувачката мисијата на ЕУ Филипе Миролон, како и на поранешниот заменик-шеф на мисијата на ОН Питер Галбрајт, кој беше сменет по несогласувањето со неговиот шеф како да се справат со обвинувањата за лажирање на гласањето.

Галбрајт ги нарече обвинувањата од Карзаи како „бесмислени“. Во интервју за Гласот на Америка, тој рече дека коментарите од Карзаи сугерираат дека авганистанскиот лидер „нема чувство за реалноста“.

XS
SM
MD
LG