Линкови за пристапност

Загубите на работни места во јули создаваат загриженост за економското опоравување


Во извештајот стои и дека нивото на невработеност е непроменето и останало на 9,5 проценти, со речиси 15 милиони Американци отпуштени од работа во јули.

Одделот за труд во својот најнов извештај соопшти дека приватните работодавачи во јули отвориле 71.000 работни места, што е значително помалку од речиси 200-те илјади потребни секој месец за намалување на нивото на невработеност. Ова е голем показател дека американскиот пазар на работна сила и економијата воопшто бавно се опоравуваат од рецесијата.

Во извештајот стои и дека нивото на невработеност е непроменето и останало на 9,5 проценти, со речиси 15 милиони Американци отпуштени од работа во јули.

Со ова темпо, ќе бидат потребни години за да се вратат преку осумте милиони работни места загубени во оваа рецесија.

Кит Хол, комесарот на Бирото за статистика на работна сила, изјави дека главниот бран на загуби на работни места се чини дека завршил. Тој сепак предупредува дека залетот од петте месеци на последователно зголемување на бројот на работни места порано годинава може да е загубен.

„Најголемата загриженост е што голем дел од економскиот замав годинава беше актуелен само неколку месеци. Сега ситуацијата е полоша“, вели овој експерт.

Податоците доаѓаат во лошо време за администрацијата на претседателот Барак Обама. Конгресните избори ќе се одржат за само неколку месеци, а ова може да биде показател дека неговите мерки за стимулирање на економијата, не ги даваат саканите резултати. Лошата слика на пазарот на работна сила, може да им помогне на републиканците да вратат многу од конгресните места во ноември.

Неделава директорот на Федералните резерви Бен Бернанке истакна дека за целосно економско опоравување, ќе треба уште многу време. Тој рече дека продолжителната невработеност може да значи подривање на вештините на работниците и да има долгорочни последици врз работната сила во САД.

XS
SM
MD
LG