Линкови за пристапност

Муслимански радикализам и Првиот уставен амандман


Муслимански радикализам и Првиот уставен амандман
Муслимански радикализам и Првиот уставен амандман

Додека се чека на распит во Конгресот за муслиманскиот радикализам, една муслиманска заедница во Калифорнија смета дека е дискриминирана затоа што го практикувала уставното право на слобода на говорот

На општински состанок полн со емоции, воочлива е лутина и чувство дека 11 лица се третирани нечесно од страна на локален обвинител.

„Оваа заедница мора да предводи во напорите за обелоденување на овие хипократи, овие фанатици, анти-муслимански фанатици, расисти. Не може да продолжиме да патиме заради нив“, вели Хусам Ајлуш од Советот за американско-исламски односи.

Ајлуш изјави дека 11 студенти од Универзитетот Калифорнија се жртви на дискриминација, откако минатата година се обиделе да излезат на мирен протест. За време на говор на израелскиот амбасадор во САД Мајкл Орен на Универзитетот Калифорнија, Ирвин, студентите излегле еден по еден со изјави против него. Тие биле отстранети од просторијата со помош на обезбедување, а универзитетот на одредено време ја суспендирал работата на Муслиманскиот студентски синдикат.

Една година подоцна окружниот судија на општината „Оринџ каунти“, поднел кривична пријава против 11-мина студенти, обвинувајќи ги за планирање и прекин на говор на амбасадорот.

Поради обвинението, адвокатот на таканаречениот случај „Ирвин 11“, Рим Салахи, бара од нејзините клиенти да не даваат изјави за медиумите. Таа ги осуди активностите на окружниот судија.

„Ова е дискриминирачка политика, изборот е селективен и се случува бидејќи овие студенти се муслимани“, вели адвокатката.

Преку 100 професори од Универзитетот Калифорнија, Ирвин и Дејвис, побараа обвиненијата да бидат повлечени, велејќи дека студентите се соочиле со дисциплинска постапка од страна на универзитетот и тоа треба да биде доволно.

Еврејски и христијански општински лидери велат дека издвојувањето на една група која само го практикувала правото на слобода на говор, е серизен удар на пријателската атмосфера во која многумина работат.

Сепак, Сузан Шродер, портпарол на канцеларијата на окружниот судија, вели дека не се работи за правото за слобода за говор загарантирано со првиот амандман.

„Ниту еден од 11-мина не е обвинет за протестирање. Без оглед на тоа дали ни се допаднал нивниот говор или не, противзаконски е да се прекинува говорник на официјална средба“, вели Шродер.

„Заштитата на слободата на говорот во американскиот Устав не е апсолутна“, вели професорот по уставно право на Правниот факултет Лојола во Лос Анџелес. Тој додава дека има значење како и каде се случува одреден протест.

Доколку не се повлечат обвиненијата, поротата ќе треба да одлучи дали студентите биле обвинети поради содржината на нивниот говор или заради тоа што нивните активности причиниле доволно проблеми со што се наштетило на уставните права на другите. Доколку пресудата е дека виновни, 11-мина студенти ќе бидат казнети парично, ќе бидат задолжени со активности во општината или ќе им биде изречена шестмесечна казна затвор.

XS
SM
MD
LG