Линкови за пристапност

Убиен уште еден виш лидер на Ал-Каида во Ирак


Убиен уште еден виш лидер на Ал-Каида во Ирак
Убиен уште еден виш лидер на Ал-Каида во Ирак

Ирачки армиски претставници соопштија дека заедничките сили користеле разузнавачки информации да го лоцираат и убијат Ахмед ал-Обеиди во северен Ирак

Во заедничка ирачко-американска операција е убиен уште еден водач на Ал-Каида во Ирак - трет во последните три дена.

Ирачки армиски претставници соопштија дека заедничките сили користеле разузнавачки информации да го лоцираат и убијат Ахмед ал-Обеиди во северен Ирак вторникот. Армијата наведува дека Ал-Обеиди, исто така познат како Абу Сухаиб бил одговорен за планирање бројни напади во Нинива, Салахудин и Киркук.

Понеделникот, ирачки и американски официјални лица понеделникот соопштија дека во заедничка акција неделата биле убиени водачот на Ал-Каида во Ирак Абу Ајуб ал-Масри и еден од главните милитантни на Ал-Каида, Абу Омар ал-Багдади во близина на градот Тикрит, во северниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG