Линкови за пристапност

Убиени водачи на Ал-Каида во Ирак


Американски и ирачки претставници соопштија дека ги елиминирале водачот на Ал-Каида во Ирак Абу Ајуб ал-Масри и еден од главните милитантни Абу Омар ал-Багдади

Американски и ирачки претставници соопштија дека двајца од главните водачи на Ал-Каида во Ирак биле убиени во заедничка операција на силите на двете земји во близина на северниот град Тикрит. Ирачките војници, поддржани од САД ги елиминирале водачот на Ал-Каида во Ирак Абу Ајуб ал-Масри и еден од главните милитантни на Ал-Каида, Абу Омар ал-Багдади за време на рација во нивните скривалишта.

Во соопштение објавено понеделникот, главниот американски командант во Ирак, генералот Рејмонд Одиерно оценува дека ова претставува „потенцијално најзначителен удар врз Ал-Каида во Ирак од почетокот на бунтовништвото“. Одиерно вели и дека се работи за значаен чекор во отстранувањето на терористите од земјата.

Според американската армија, во рацијата биле убиени помошник на Ал-Масри и син на Ал-Багдади, а биле уапсени и 16 осомничени „криминални соработници“.

Ирачкиот премиер Нури Ал-Малики на прес-конференција понеделникот покажа фотографии од две тела кои ги идентификува како убиените виши водачи на Ал-Каида.

XS
SM
MD
LG