Линкови за пристапност

Во САД гладта на рекордно високо ниво


Во САД гладта на рекордно високо ниво
Во САД гладта на рекордно високо ниво

Со продлабочувањето на рецесијата, федералната мерка за стимулирање на економијата издвои речиси 60 милијарди долари во програмата за храна.

Речиси еден на секои шест Американци имале проблеми да се прехранат во 2009-та година, се вели во нов извештај на американскиот Оддел за земјоделство. Ова се највисоки цифри од 1998-ма наваму, од кога се вршат овие истражувања.

Околу девет милиони деца биле приморани да јадат помалку хранливи или помали оброци, дури и да прескокнат оброци од финансиски причини.

Но иако нивото на невработеност во САД се зголеми од пет во 2008-ма на 10 проценти во 2009-та, несигурноста во однос на прехраната не е променета.

Во САД гладта на рекордно високо ниво
Во САД гладта на рекордно високо ниво
Потсекретарот на Одделот за земјоделство Кевин Конканон истакна дека ова е заради федералната програма за помош со храна – „СНАП“, во која во моментов се вклучени 42 милиони лица.

Со продлабочувањето на рецесијата, федералната мерка за стимулирање на економијата издвои речиси 60 милијарди долари во програмата за храна.

Дебора Вајнстеин е извршен директор на групата Коалиција за човекови потреби. Таа чекорот го нарече умна инвестиција.

„Знаеме колку е важна соодветна исхрана за здравјето и развојот на децата. Бидејќи да им се помогне на семејствата да купат храна значи купување на продукти во продавниците ширум земјата, економистите уште од самиот почеток увидоа дека зајакнување на програмата за храна само ќе и` помогне на економијата“, вели Вајнстеин.

Сепак таа е загрижена за иднината на програмата, зашто Конгресот размислува за нејзино укинување на почетокот на 2013 година.

Од друга страна, конзервативците го критикуваат зголемувањето на трошоците за купони за храна и други владини програми за храна што ги нуди актуелната администрација. Тие сметаат дека поголема влада и федерален дефицит од 1,3 трилиони долари го отежнуваат економското опоравување.

Мерката за програма за исхрана на децата е едно од прашањата што се очекува да бидат разгледани пред новиот состав на Конгресот да почне со работа во јануари.

XS
SM
MD
LG