Линкови за пристапност

Кого зафаќа затворањето на владата во САД?


Кого зафаќа затворањето на владата во САД?
Кого зафаќа затворањето на владата во САД?

Засегнати се барем 800 илјади федерални работници, од воен персонал до вработени во национални паркови

Доколку американската влада престане со работа во петок поради недостиг на финансиски средства, американскиот воен персонал, цивилните владини работници и туристите по националните паркови, би биле меѓу првите кои ќе забележат дека владата не функционира како обично.

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека американските трупи во Ирак, Авганистан, и насекаде во светот, може да искусат привремен прекин на нивните примања.

Како дополнение, околу 800.000 од 1,9 милиони цивилни владини работници, кои спаѓаат во групата „неопходен персонал“, можно е да треба привремено да не доаѓаат на работа.

Туристите нема да можат да ги посетат националните паркови и атракции во земјата. Странските државјани можно е да се соочат со проблемите за добивање визи за патување во САД.

Еден од популарните пролетни настани во Вашингтон, парадата во рамки на Фестивалот на цутот на црешите, можно е да се откаже, доколку претседателот Барак Обама и конгресните лидери не постигнат договор за продолжување на работата на владата после петок, кога веќе ќе нема пари за финансирање на владата. Доколку тоа се случи, ова ќе биде прво делумно затварање на владата за последните 15 години.

Музеите во Вашингтон, националното шеталиште што годишно привлекува милиони посетители, нема да бидат достапни за јавноста. На улиците на главниот град на САД, отпадоците нема да бидат чистени, зашто тоа е должност на градската влада што се смета за федерална агенција.

Во меѓувреме, пензионерите и натаму би ги примале своите месечни пензии од владата, но пријавите за нови корисници на бенефиции може да бидат одложени за разгледување во некое идно време.

Во случај на прекин на работата на Владата, таа не може да издава нови станбени и други кредити за недвижнини. Ќе биде одложено и разгледувањето на барањата за заеми на малите бизниси.

XS
SM
MD
LG