Линкови за пристапност

Меконел: Обама мора „да појде во наша насока“


Меконел: Обама мора „да појде во наша насока“
Меконел: Обама мора „да појде во наша насока“

Обама призна дека неговата партија претрпе удар на изборите, велејќи дека тоа е одраз на фрустрацијата на гласачите од економската состојба.

Американскито претседател Барак Обама повикува на компромис со републиканците откако неговата Демократска партија забележа значителен пораз на конгресните избори. Но, републиканците инсистираат дека до соработка ќе дојде само доколку Обама појде по нивна насока.

Водачот на републиканците во Сенатот Мич Меконел ќе даде ваков коментар во говорот во конзервативната фондација Херитиџ во Вашингтон.

Во делови на говорот објавени пред обраќањето, Меконел исто така го брани својот претходно даден коментар дека главен приоритет на републиканците во наредните две години е да обезбедат да не дојде до реизбор на Обама. Меконел смета дека единствениот начин Републинската партија да ги оствари целите да го повлече законот на Обама за реформа на здравствената заштита и да ги намали трошоците и обемот на владата е преку поставување на некој друг во Белата куќа, кој нема да стави вето на таквите мерки.

Републиканците добија мнозинство во Претставничкиот дом на конгресните избори вторникот. Тие остварија напредок и во Сенатот, но таму контролата и натаму ја имаат демократите.

Обама призна дека неговата партија претрпе удар на изборите, велејќи дека тоа е одраз на фрустрацијата на гласачите од економската состојба.

XS
SM
MD
LG