Линкови за пристапност

Гајтнер: Стапката на невработеност ќе остане на „неприфатливо“ високо ниво


Стапката на невработеност во САД во моментов е релативно висока – 9,7 %.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер вели дека стапката на невработеност ќе биде на „неприфатливо високо“ ниво уште долго време.

Гајтнер за во интервју за Ен-Би-Си рече дека бизнисите ќе почнат повторно да создаваат нови работни места, но дека ќе биде потребен долг временски период за да се санира штетата од рецесијата.

Американската економија загуби преку осум милиони работни места за време на кризата. Стапката на невработеност во САД во моментов е релативно висока – 9,7 %.

Владата во петок треба да ги објави редовниот извештај со најнови податоци за невработеноста.

XS
SM
MD
LG