Виши претставници на САД и Кина завршија со дводневните разговори во Пекинг посветени на валутните реформи, трговијата и последната напнатост на Корејскиот Полуостров.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон на заедничката прес-конференција истакна дека САД ќе соработуваат со Кина и меѓународната заедница за да изнајдат ефикасен и соодветен одговор за потонувањето на јужнокорејски воен брод, наводно од страна на Северна Кореја.
Кинескиот државен советник Дај Бингво изјави дека обете земји се согласни за важноста да се одржи стабилноста и да се избегне ескалација на Корејскиот Полуостров.
Во однос на валутните реформи, американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер изјави дека реформата на јуанот е одлука што треба да ја донесе самата Кина.
На почетокот на дводневните разговори понеделникот, кинескиот претседател Ху Џинтао вети дека неговата влада ќе изврши валутна реформата, но со сопствено темпо.
Администрацијата на претседателот Обама ја повика Кина да изврши превреднување на јуанот што е прилепен до доларот уште од 2008-ма година.