Линкови за пристапност

Почина голем борец за човекови права - Дороти Хајт

Почина голем борец за човекови права - Дороти Хајт
Почина голем борец за човекови права - Дороти Хајт

Под нејзино водство, организацијата на Хајт беше предводник на американското граѓанско движење во 50-тите и 60-тите

Американската икона за човекови права Дороти Хајт почина во Вашингтон на 98-годишна возраст.

Таа беше 40 години претседател на националниот Совет на жени-Афроамериканки, преземајќи ја функцијата во 1957-ма од легендарната активистка Мери МекЛиод Бетан.

Во соопштение, американскиот претседател Барак Обама изјави дека е длабоко ожалостен за нејзината смрт и ја нарече „кума на движењето за граѓански права и хероина на многу Американци“.

Под нејзино водство, организацијата на Хајт беше предводник на американското граѓанско движење во 50-тите и 60-тите. Таа соработувала со бројни лидери за граѓански права и била на сцената до Мартин Лутер Кинг за време на неговиот говор „Имам сон“ на скалите пред споменикот на Линколн во Вашингтон.

This item is part of
XS
SM
MD
LG