Линкови за пристапност

15 години од бомбашките напади во Оклахома Сити


Церемонијата започна со 169 секунди молчење во знак на сеќавање на загинатите

Американската секретарка за државна безбедност Џенет Наполитано понеделникот оддаде почит на жртвите на бомбашкиот напад пред 15 години врз зградата на федералната влада во Оклахома Сити.

Стотици - преживеани и роднини на загинатите - се собраа на местото на нападот каде на 19-ти април 1995-та загинаа 168 лица, од кои 19 деца. Во експлозијата беа повредени стотици.

Церемонијата започна со 169 секунди молчење во знак на сеќавање на загинатите.

Наполитано повика на натамошна будност против насилните идеологии што довеле до нападот и предупреди на натамошната закана од тероризам, дома и во странство. Експлозијата во Оклахома Сити беше најголемиот терористички напад во САД, се` до оној од 11-ти септември 2001-ва.

Бомбашот Тимоти Меквеј беше под влијание на десничарски екстремистички групи со противвладина филозофија. То кажа дека сакал да се одмазди за владината опсада на верски имот во Тексас во која загинале 80 лица. Меквеј беше погубен во 2001-ва.

XS
SM
MD
LG