Линкови за пристапност

САД нудат поддршка за Киргистан


САД велат дека се подготвени да и` помогнат на привремената киргистанска влада, што ја презеде власта откако претседателот ја напушти земјата по насилничките протести во кои загинаа 84 лица.

Американскиот помошник државен секретар за прашања на јужна и централна Азија, Роберт Блејк, вели дека САД ќе ги поддржат целите на привремената влада за повторно пишување на уставот и одржување на парламентарни избори. Блејк се сретна со лидерот на привремената влада Роза Отунбајева во среда во киргистанскиот главен град Бишкек.

Во меѓувреме, Русија кажа дека ќе обезбеди грантови и заеми во вредност од 50 милиони долари за Киргистан. Рускиот министер за надворешни работи Алексеј Кудрин ова го вети во време кога привремениот заменик премиер отпатува на разговори во Москва.

Привремениот лидер Отунбајева во среда кажа дека соборениот претседател Курманбек Бакијев треба да биде земен на одговорност за постапките пред меѓународен трибунал и дека треба да ја напушти земјата. Таа исто така рече дека не ја отфрла можноста за разговор со Бакијев.

Бакијев понуди да „се пензионира“ ако привремената влада му гарантира безбедност, нему и на семејството, и нема да му го одземе имотот.

Отумбајева вели дека нема да даде имунитет на семејството на претседателот. Киргистански суд издаде потерница за братот и синот на Бакијев во врска со смртта на демонстранти во Бишкек.

Бакијев го напушти главниот град минатата недела и се наоѓа на југот на Киргистан.

XS
SM
MD
LG