Линкови за пристапност

Урбанизацијата го става јавното здравје во зголемен ризик


Урбанизацијата го става јавното здравје во зголемен ризик
Урбанизацијата го става јавното здравје во зголемен ризик

Релацијата меѓу здравјето, домашните услови и другите урбани прашања е континуирана загриженост и во САД, каде 85% од населението живее во поголемите градови, смета Адолфо Карион, виш администратор на Американскиот Оддел за домување и урбан развој.

Здравствените ризици поврзани со 21-от век вклучуваат пренаселеност, лош квалитет на воздухот, загаден воздух во затворени простории, респираторни проблеми, влага и едноставно недостаток на вода и санитација.

Јавното здравје е во зголемен ризик заради урбаните услови како загадување, бука, стрес, според експерти кои се среќаваат во Њујорк за деветата по ред Меѓународна конференција за урбано здравје.

Повеќе од половина од светската популација денес живее во големите градови, а ОН предвидуваат дека до 2050 година бројката ќе достигне до 70 проценти.

Експерти, претставници од здравството, законодавци и академици од 45 земји на конференцијата во Медицинската академија во Њујорк дискутираа за различни предизвици што произлегуваат од урбаното здравје. Меѓу прашањата се третман за колера во Хаити, дистрибуција на кондоми за лица кои се занимаваат со проституција во Бангладеш, сообраќајни незгоди во Најроби, Кенија, во кои жртви се пешаци, како и истражувањата за врската меѓу противзаконската политика за контрола на дрогата и јавното здравје во Њујорк.

Аналитичарите се согласија дека ризиците по здравјето во 21-от век поврзани со градскиот живот се многубројни и сложени. Релацијата меѓу здравјето, домашните услови и другите урбани прашања е континуирана загриженост и во САД, каде 85% од населението живее во поголемите градови, смета Адолфо Карион, виш администратор на Американскиот Оддел за домување и урбан развој.

„Кога ги разгледувате предизвиците на справување со проблемот на нерасчистеното ѓубре, густиот сообраќај и обезбедување на здравствена грижа, пристап до работни места за економски развој, кавалитетот, кога ќе помислите на нивото на бука и загаденост, ние треба да се справиме со сиве овие прашања“, вели Керион.

Клучот за промовирање на урбаното здравје е поттикнување на превентивна здравствена грижа со предлози за соодветна диета и рутина за физичка активност, на пример. Сепак, многу од најсиромашните жители на Њујорк, не се во можност подготвено да реагираат на предлозите.

„Може да им дадете на луѓето информација за тоа какода живеат здраво“, вели претседателот на Медицинската академија во Њујорк д-р Џо Ајвеј Бафорд, „но ако тие не можат да купат овошје и зеленчук, ако не можат да вежбаат бидејќи улиците не се безбедни. Тие не можат да реагираат само поради тоа што ја имаат информацијата. Тоа е прашање од интерес на животната средина, мошне важно за нас.

XS
SM
MD
LG