Линкови за пристапност

Бан Ки-мун: Хармонично решение за прашањето за името


Бан Ки-мун: Хармонично решение за прашањето за името
Бан Ки-мун: Хармонично решение за прашањето за името

Бан Ки-Мун кажа и дека имал бројни средби со претставници на Грција и Македонија за потребата на прашањето да се пристапи со чувство на флексибилност и зедничко разбирање.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ќе продолжи да чини се` што е во негова можност за харонично решение на прашањето за името што има доста сериозни политички импликации. Тој ова го соопшти на прес-конференција во Светската организација понеделникот, посветена на почетокот на 65-тото заседание на Генералното собрание на ОН.

„Специјалниот претставник Метју Нимиц имаше активна дискусија со засегнатите страни. Знам дека сега се консултира со обете страни за закажување на соодветни средби додека делегациите се во Њујорк на генералното собрание“, рече првиот човек на ОН, додавајќи дека целосно ќе ја поддржи неговата активност.

Бан Ки-Мун кажа и дека имал бројни средби со претставници на Грција и Македонија за потребата на прашањето да се пристапи со чувство на флексибилност и зедничко разбирање. Тој најави дека ќе продолжи во ист стил кога ќе се сретне со лидерите на обете земји.

XS
SM
MD
LG