Линкови за пристапност

ОН: поплавите во Пакистан раселија еден милион лица


Поплавите почнаа пред скоро еден месец и уништија голем дел од Пакистан – од планиските делови на север, па се` до јужните земјоделски предели

ОН велат дека новите поплави во јужен Пакистан раселија околу еден милион луѓе од средата, со што само го влошија влијанието од едмосечната природна непогода.

Официјални лица од ОН јавија дека најновите раселени лица беа принудени да ги напуштат домовите од провинцијата Синд во време кога реката Индус се излеа од коритото.

Пакистанските власти наредија луѓето да го напуштат историскиот град Тата во Синд откако Индус ги урна насипите. Десетици илјади жители почнаа да ги напуштаат домовите.

Поплавите почнаа пред скоро еден месец и уништија голем дел од Пакистан – од планиските делови на север, па се` до јужните земјоделски предели. Во природната непогода загинаа околу 1600 луѓе, а беа погодени 20 милиони луѓе.

САД соопштија дека имаат кредибилни информации дека пакистанските милитанти може да целат на странски хуманитарни работници и официјални владини лица вклучени во хуманитарните операции.

XS
SM
MD
LG