Линкови за пристапност

Судот на ОН пред донесување на одлука за косовската независност


Косово досега го признаа 69 земји, додека Србија и нејзиниот традиционален сојузник Русија предводеа во противењето на објавувањето на независност

Меѓународниот суд за правда на ОН во четврток ќе го објави долгоочекуваното мислење за легалноста на едностраното донесување на независност на Косово од Србија во 2008-ма.

Одлуката е необврзувачка, но аналитичарите наведуваат дека таа ја поддржи косовската независност, тоа би поттикнало поголем број земји да ја признаат поранешната српска покраина. Спротивна одлука би ја турнала владата во Приштина кон договорно решение со Белград.

Косово досега го признаа 69 земји, додека Србија и нејзиниот традиционален сојузник Русија предводеа во противењето на објавувањето на независност.

Откако Судот ќе го објави мислењето во Хаг, српски претставници најавија дека Србија ќе поднесе нацрт на, како што наведуваат, балансирана резолуција до Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Српскиот заменик-премиер Божидар Ѓелиќ средата за српско радио изјави дека нацртот ќе ја „покаже желбата... за постигнување компромис за сите нешта.

XS
SM
MD
LG