Линкови за пристапност

ОН: Иран ја попречува нуклерната инспекција


ОН: Иран ја попречува нуклерната инспекција
ОН: Иран ја попречува нуклерната инспекција

Официјален Техеран тврди дека нуклеарната програма е наменета исклучително за мирнодопски цели и ги обвинува инспекторите дека изнесуваат невистинити информации.

Главниот претставник на ОН за нуклеарни прашања Јукија Амано предупреди дека не може да потврди дали сите ирански нуклеарни активности се наменети за мирнодопски цели бидејќи Техеран не соработува целосно со неговата агенција.

Амано ова го соопшти во понеделникот откако иранските власти забранија влез во земјата на двајца искусни инспектори за нуклеарно оружје. Иранските приговори го отежнуваат процесот на инспекција, рече Амано.

САД и сојузниците се сомневаат дека Иран ја користи својата нуклеарна програма за производство на оружје. Официјален Техеран, тврди дека таа е наменета исклучително за мирнодопски цели и ги обвинува инспекторите дека изнесуваат невистинити информации.

XS
SM
MD
LG