Линкови за пристапност

Петмина вработени на ОН исчезнати во Авганистан


Amerikan Doğa Tarihi Müzesi: Kelebekler
Amerikan Doğa Tarihi Müzesi: Kelebekler

Лицата биле во северната авганистанска провинција Баглан, кога е забележано нивното исчезнување

Портпаролот на ОН рече дека петтмина од локалниот авганистанскиот локален персонал се водат како исчезнати, но не даде други детали.

Лицата биле во северната авганистанска провинција Баглан, кога е забележано нивното исчезнување.

Во оваа провинција бунтовниците убиле четворица германски војници и повредени биле уште пет во напад со проектили врз германска патрола.

Во меѓувреме, авганистанскиот провинциски гувернер рече дека тројца загинаа во експлозија на објект во кој живееле странци во јужниот град Кандахар. Претходно беше јавено дека шест луѓе се убиени.

Провинцискиот гувернер на Кандахар, Торилај Веса, рече дека тројца од загинатите биле Авганистанци. Тој рече дека 10 од 26 повредени биле странци, вклучувајќи тројца Американци и еден Јужно-африканец.

XS
SM
MD
LG