Линкови за пристапност

ОН: Авганистан - најголем производител на канабис во светот


ОН: Авганистан - најголем производител на канабис во светот
ОН: Авганистан - најголем производител на канабис во светот

Во извештајот објавен во средата, Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал, вели дека во половината од 34-те провинции во Авганистан се одгледува канабис.

ОН велат дека Авганистан, светски најголемиот производител на опиум, сега е најголем производител на канабис, познат како марихуана.

Во извештајот објавен во средата, Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал, вели дека во половината од 34-те провинции во Авганистан се одгледува канабис, и дека неговото одгледување е за три пати поевтино од опиумот.

Од Канцеларијата на светската организација додаваат дека канабис во Авганистан се одгледува на 10 до 24 илјади хектари земјиште секоја година, а поголемиот дел е концентриран на југот на земјата. Извештајот вели дека исто како и во случајот со опиумот, од одгледувањето, производството и пренесувањето на канабисот профитираат оние кои ја контролираат територијата, со што се обезбедуваат приходи за бунтовниците.

Извршниот директор на Канцеларијата за борба против дрога и криминал, Антонио Марија Коста, вели дека проблемот со дрога на Авганистан е многу посложен од само трговија со опиум. Но, вели тој, „лекот останува ист“ - подобрување на ефикасноста на владата и развојот во регионите во Авганистан каде се произведува дрога.

XS
SM
MD
LG