Линкови за пристапност

64-ца загинати во експлозии во Уганда


Мусевини ги нарече напаѓачите терористи и вети дека Уганда ќе ги пронајде и ќе ги уапси, каде и да се.

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени понеделникот ги посети местата на двата катастрофални бомбашки напада во главниот град Кампала, каде загинаа најмалку 64 лица, а голем број беа повредени додека го следеле преносот од финалето на Светското фудбалско првенство.

Мусевини ги нарече напаѓачите терористи и вети дека Уганда ќе ги пронајде и ќе ги уапси, каде и да се.

Засега никој не презеде одговорност за нападите што се случија доцна неделата. Полицискиот претставник Кале Каихура се сомнева дека зад координираните бомбашки операции стои сомалиската исламистичка милитантна организација Ал-Шабаб, што би бил нејзин прв напад надвор од Сомалија.

Ал-Шабаб го контролира поголемиот дел од главниот град на Сомалија, Могадишу, каде забрани емитување на натпреварите од Светското првенство.

Командант во Ал-Шабаб во Могадишу изјави дека е среќе поради нападите Уганда, но не потврди, ниту порекна дека Ал-Шабаб стои зад нив.

Властите сметаат дека бомбите ги активирале бомбаши-самоубијци.

XS
SM
MD
LG