Линкови за пристапност

Турција најави затегнување на односите со Израел


Турските медиуми јавуваат дека Анкара воедно планира да поднесе и кривична пријава против Изреал во меѓународен суд.

Турција се заканува дека ќе ги сведе односите со Израел на минимум по овонеделната смртоносна акција врз хуманитарната флотила во регионот на Газа.

Турскиот вице-премиер Булент Аринк, истакна дека економската и воена соработка со Израел ќе биде намалена. Турските медиуми јавуваат дека Анкара воедно планира да поднесе и кривична пријава против Изреал во меѓународен суд.

Деветмина пропалестински активисти, вклучувајќи и 19-годишен Американец од турско потекло загинаа во операцијата на израелските командоси во понеделникот. Бродот беше дел од конвојот организиран од турска хуманитарна група во обид да ја пробие 3-годишната блокада на Израел врз Појасот Газа.

Деновиве се очекува уште еден брод со хуманитарна помош да пристигне во регионот. Пропалестинските активисти велат дека бродот можно е да стигне до таканаречената израелска зона на исклучување до крајбрежјето на Газа доцна во петок.

XS
SM
MD
LG