Линкови за пристапност

Одобрени уставни промени во Турција


Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе изјави дека гласањето ја покажало натамошната определба на турските граѓани за реформи што ги зајакнуваат нивните права и слободи.

Европската Унија ја поттикна Турција да покаже максимална транспарентност во примената на реформите што гласачите во земјата ги одобрија саботата. Се очекува промените да го усогласат 30-годишниот Устав на Турција со европските норми.

Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе изјави дека гласањето ја покажало натамошната определба на турските граѓани за реформи што ги зајакнуваат нивните права и слободи. Тој смета дека Турција треба да донесе закони за примена на реформите и најави дека ЕУ внимателно ќе ја следи нивната подготовка. Филе ја повика Турција за што поскоро изготвување на нацртот на новиот Устав.

Гласањето, што се совпадна со годишнината на воениот удар од 1980-та, беше попречено од насилство во неколку градови ширум земјата. Главната курдска опозициона партија повика на бојкот со образложение дека промените не се однесуваат на курдските прашања.

XS
SM
MD
LG