Началникот на Здружениот генералштаб Мајк Мулен средата во Кабул изјави дека преземањето на контролата над јужниот град Кандахар е клучно за одвраќање на напливот на Талебан.
Мулен кажа дека градот е централна точка во војната против Талебан под водство на САД. Тој ова го изјави еден ден по средбата со американските сили и локални авганистански водачи во Кандахар и соседната провинција Хелманд.
Прес-секретарот на Пентагон Џеф Морел вторникот истакна дека напорите за преземање на Кандахар се во тек пред, како што се очекува, големата операција против Талебан во престојните месеци. Морел рече дека американски специјални сили ги обезбедуваат патиштата во и околу градот и се поврзуваат со племенски претставници кои организираат средби со племенските лидери. Тој кажа и дека американските сили ги гонат талебанските борци од среден и висок ранг кои се кријат во Кандахар.
Морел одби да го соопшти датумот на офанзивата, но американски претставници во Авганистан најавуваат дека се очекува да започне во јуни.