Линкови за пристапност

За 48 недели волонтирал во 48 сојузни држави


За 48 недели волонтирал во 48 сојузни држави
За 48 недели волонтирал во 48 сојузни држави

Џонсон верува дека доброто - со добро се враќа. Сопственик на автомеханичарски дуќан бесплатно му ги поправил сопирачките откако дознал дека волонтирал во „Оброци на тркала“.

Американскиот претседател Барак Обама често ја подвлекува потребата од ангажирање за јавно обро и волонтирање. Дру Џонсон тоа го прави во 48 сојузни држави - во рок од 48 недели. Прави се` - од градење домови, делење на оброци, па се` до чистење после поплави.

По професија веб-дизајнер, Џонсон има пасија да помага. Раскажува дека еден ден едноставно решил да замине на пат и да им се најде на оние на кои им е потребна помош.

„Доброволно им помагате на луѓето, а истовремено го користите стекнатото знаење и технологија да се поврзете со луѓето, да ги мотивирате, и да бидете од услуга на заедниците каде живеат“, вели Џонсон.

Патешествието го започнал минатиот октомври и го документира на блог и на Фејсбук. Ги охрабрува и другите да го вклучат волонтерството во нивниот живот. Живее скромно и се потпира на донации. Понекогаш луѓето му даваат храна и му нудат престој. Во спротивно, спие во шатор или во својот автомобил. Денес разнесува бесплатни оброци за постарите лица во сојузната држава Мериленд, во рамки на програмата „Оброци на тркала“.

„Би сакала повеќе луѓе како него да ја истакнуваат важноста да се биде волонтер, да се помогне да другиот“, вели Пеги Тул од „Оброци на тркала“.

Џонсон верува дека доброто - со добро се враќа. Сопственик на автомеханичарски дуќан бесплатно му ги поправил сопирачките откако дознал дека волонтирал во „Оброци на тркала“. Џонсон ќе продолжи да патува низ САД до октомври. Но, неговото патешествие да им помага на други – никогаш нема да заврши.

XS
SM
MD
LG