Линкови за пристапност

Тојота повлекува 135.000 автомобили во Европа и Јапонија


Тојота повлекува 135.000 автомобили во Европа и Јапонија
Тојота повлекува 135.000 автомобили во Европа и Јапонија

Компанијата вели дека ќе го поправи дефектот што може да причини пречки во софтверот

Автомобилската компанија Тојота ќе повлече 135.000 автомобили продадени во Јапонија и Европа поради проблеми со софтверот што може да отежни нивното возење.

Ова е најнов проблем за најголемиот производител на автомобили во светот, чија репутација веќе е засенета поради претходното повлекување на преку 10 милиони возила.

Тојота четвртокот соопшти дека повлекува 65.000 автомобили од марката Ај-Кју и Пасо продадени во Јапонија и преку 70.000 продадени во Европа, продадени по септември 2008-ма година.

Компанијата соопшти дека ќе го поправи дефектот што може да причини пречки во софтверот кога возилото ќе наиде на тумба на патот, а што може значително да го отежни управувањето со воланот.

XS
SM
MD
LG