Линкови за пристапност

Тојота повлекува 1,5 милиони возила од продажба


Тојота повлекува 1,5 милиони возила од продажба
Тојота повлекува 1,5 милиони возила од продажба

Засегнати и речиси 200.000 возила продадени во Европа и други азиски земји.

Автомобиласката компанија Тојота најави дека ќе повлече од продажба преку 1,5 милиони возила ширум светот, повеќето од нив во САД и Јапонија.

Притоа се засегнати и речиси 200.000 возила продадени во Европа и други азиски земји.

Од компанијата велат дека поголемиот дел од возилата се повлечени поради пропуст што може да води кон постепено протекување на течност од главниот цилиндер на кочниците. Одредени модели продадени во Јапонија, пак, имаат проблем со пумпата за гориво.

Тојота кажа дека нема пријавено несреќи како резултат на проблемите. Но, сепак, на најновите настани се гледа како на уште еден срам за најголемата автомобилска компанија во светот. Во текот на изминатата година Тојота повлече од продажба преку 10 милиони автомобили и камиони заради други проблеми.

XS
SM
MD
LG