Линкови за пристапност

НАСА се вклучува во истрагата на возилата на Тојота


НАСА се вклучува во истрагата на возилата на Тојота
НАСА се вклучува во истрагата на возилата на Тојота

Одделот за транспорт најави дека ќе ангажира стручњаци од НАСА и од Националната академија на науки за да утврди дали дефект во електрониката го предизвикува проблемот што доведе до глобално повлекување на осум милиони возила на Тојота.

Американски владини научници ќе учествуваат во истрагата што се обидува да расветли зошто доаѓа до ненадејно забрзување кај неколку модели на автомобили на Тојота.

Одделот за транспорт најави дека ќе ангажира стручњаци од НАСА и од Националната академија на науки за да утврди дали дефект во електрониката го предизвикува проблемот што доведе до глобално повлекување на осум милиони возила на Тојота.

Во одделно истражување, Националната академија на науки ќе изврши 15-месечно испитување на електрониката на возилата, како и на уредот за забрзување ширум автомобилската индустрија..

Се очекува истражувањата да чинат 3 милиони долари.

Одделот за транспорт во моментов врши истрага за 52 фатални несреќни случаи во последните десет години, обидувајќи се да утврди дали се поврзани со проблемот на ненадејното забрзување на Тојота-возилата.

Јапонскиот автомобилски производител смета дека проблемот се должи на заглавување на педалите за гас во патосниците или пак на механичка грешка во нивното производство.

XS
SM
MD
LG