Линкови за пристапност

Адвокатите разговараат за американските судски постапки против Тојота


Адвокатите разговараат за американските судски постапки против Тојота
Адвокатите разговараат за американските судски постапки против Тојота

Најмалку 24 адвокати зборуваа на распитот во Сан Диего, Калифорнија за отповикувањето на околу осум милиони возила.

Адвокатите што ги претставуваат американските сопственици на отповиканите возила на Тојота, се појавија пред суд да разговараат за консолидирање на повеќе од 200 постапки против автопроизводителот.

Најмалку 24 адвокати зборуваа на распитот во Сан Диего, Калифорнија што се однесуваше на отповикувањето на околу осум милиони возила, за најголем дел од кои постои сомневање дека имаат педали за гас што може да се заглават.

Адвокатите разговараат за американските судски постапки против Тојота
Адвокатите разговараат за американските судски постапки против Тојота

Во прашање се 97 постапки за телесни повреди и смрт, како и 138 групно покренати постапки во врска со намалувањето на продажната цена на овие модели.

Адвокатите дискутираа и за тоа каде да се одржува судската постапка за консолидирање. Тојота побара тоа да биде Лос Анџелес, Калифорнија, каде што е нивното американско седиште. Судиите ќе решат по сослушаните аргументи за неколку недели.

XS
SM
MD
LG