Линкови за пристапност

Најмалку 89-мина загинати во торнадо во Мисури


Најмалку 89-мина загинати во торнадо во Мисури
Најмалку 89-мина загинати во торнадо во Мисури

Во друго торнадо во Минесота загинало едно, а биле повредени 30-тина лица

Најмалку 89 лица загинале во торнадото што го погодило градот Џоплин во Мисури, соопштија властите од оваа американска сојузна држава.

Силното невреме што го го погодило местото на 220 километри јужно од Канзас Сити, уништило домови, превртувало автомобили, а една од болниците морала да биде евакуирана. Ветриштата разнесоа урнатини во радиус на 100 километри.

Во друго торнадо во сојузната држава Минесота загинало едно, а биле повредени 30-тина лица. Силни невремиња биле регистрирани од Висконсин до Оклахома.

Претседателот Барак Обама изрази „длабоко сочуство“ до семејствата на загинатите и вети целосна владина поддршка во акцијата за опоравување.

XS
SM
MD
LG