Линкови за пристапност

Доме, мал сладок доме!


Доме, мал сладок доме!
Доме, мал сладок доме!

Мал, но сладок дом можеби ќе биде најновата популарна работа во САД

Кризата во индустријата на домување само покажа колку многу Американци имаа домови преголеми за нивниот буџет. Тоа, можеби, е причината што расте интересот за помали домови – многу помали.

Уште како дете, Џеј Шејфер не бил љубител на големи домови.

„Особено кога секоја недела со сестра ми ја чистевме куќата во која живееме – 370 квадратни метри“, раскажува Шејфер, кој сега ги дизајнира малите куќи од марката Тамблвид.

„Колку повеќе работи имам што не придонесуваат да бидам среќен во животот, толку повеќе треба да работам. Затоа, се ослободив од сите мои непотребни работи и живеам само со она што ме прави среќен“, вели Шејфер.

Со децении, Шејфер живеел во дом од 9 метри квадратни, но затоа опремен со тоалет со туш, кујна и спална во поткровјето. Кога се оженил, земал поголем дом. Петпати поголем од претходниот, но затоа речиси петпати помал од типичната американска куќа.

Преку 300 лица прешле на помал дом, користејќи го дизјанот Тамблвид на Шејфер. Цената за една ваква куќа, не сметајќи ја цената за земјиштето на која е поставена, е околу 50.000 долари – една петина од цената на просечниот американски дом.

Џуелс Хал-Пејн само што се вселила во домот од 16 метри квадратни што го изградила со партнерката Моли Хал-Пејн.

„Да, мал е, но таков треба и да биде! Не` прави среќни“, вели таа.

Националното здружение на градежни компании јавува дека во 2009-та, новите домови во просек биле за малку помали од оние изградени минатите години. Мал, но сладок дом можеби ќе биде најновата популарна работа во САД.

XS
SM
MD
LG