Линкови за пристапност

Рускиот трговец со оружје се изјасни за невин пред американски суд


Рускиот трговец со оружје се изјасни за невин пред американски суд
Рускиот трговец со оружје се изјасни за невин пред американски суд

На Бут ќе му се суди за заговор за убиство на Американци и поддршка на терористичка организација. Доколку биде осуден, може да добие доживотна казна затвор.

Трговецот кој продавал оружје за конфликти ширум рече дека не е виновен по обвинението за тероризам во американски суд.

Русинот Виктор Бут се појави пред федерален судија во Њујорк само еден откако беше испорачан од Тајланд. Русија го критикуваше испорачувањето и смета дека е противзаконско.

Американскиот правобранител Прит Бхарара пред почетокот на судењето кажа дека осомничениот и соработниците наводно јасно им кажале на потенцијалните клиенти дека се подготвени и дека можат да достават оружје до организациите кои работат против американските интереси.

Тој изјави и дека испорачувањето на Бут е пример дека никој не е недостапен за правдата.

На Бут ќе му се суди за заговор за убиство на Американци и поддршка на терористичка организација. Доколку биде осуден, може да добие доживотна казна затвор.

XS
SM
MD
LG