Линкови за пристапност

Загина војник во судирот меѓу тајландските сили и демонстрантите


Активистите буквално го парализираа главниот град на Тајланд во обидот да го принудат Абхисит Веџаџива да распише нови избори.

Тајландските сили за безбедност средата отворија оган врз противвладините демонстранти на автопат северно од Банкок, во обид да ги спречат таканаречените Црвени кошули да го прошират протестот надвор од центарот на градот.

Во судирот загинал еден војник, не не се знае кој го убил. Биле повредени најмалку 18 лица.

Судирот започнал откако војниците запреле конвој возила со демонстранти облечени во црвени кошули, што се движел кон пазар во предградието. Властите претходно ги предуприле демонстрантите да не го напуштат нивното главно собиралиште за протести во центарот на Банкок.

Активистите буквално го парализираа главниот град на Тајланд во обидот да го принудат Абхисит Веџаџива да распише нови избори.

Црвените кошули, составени главно од сиромашно рурално население и припадници на работничката класа од урбаните центри, неодамна ги засилија своите барикади во подготовка за можен судир со владините сили.

XS
SM
MD
LG