Властите во сојузната држава Тексас соопштија дека шумскиот пожар на 100-тина километри од областа Далас-Форт Ворт се проширил на преку 60.000 хектари.
Пожарот е еден од многуте големи шумски пожари што го зафатија Тексас уништувајќи бројни домови, а стотици луѓе мораа да бидат евакуирани. Во досегашните спасувачки напори загинал еден пожарникар.