Линкови за пристапност

Кои се правата на терористите?


Апсењето на Тајмс сквер ја разгоре дебатата за тоа кои права треба да ги уживаат во САД осомничени за тероризам.

Дебатата е фокусирана на правниот принцип познат како „предупредување Миранда“.

Името е добиено по одлуката на Врховниот суд во 1966 година дека Ернесто Миранда, осомничен за кражба, е погрешно осуден за делото. Во одлуката се наведува дека тој не бил запознаен со неговото уставно право да молчи и да консултира адвокат пред да биде испрашуван од полицијата.

На предупредувањето Миранда се гледа како на еден од темелите на задолжителниот процес во американскиот правен систем. Но, многумина стравуваат дека во случаите за тероризам тоа ги врзува рацете на испрашувачите да дојдат до важни информации.

Ричард Пилдес е професор по уставно право на Универзитетот Њујорк. Тој вели дека луѓето се загрижени, без оглед дали со право или не, дека користењето на предупредувањето Миранда, осомничените може да не проговорат, што ќе ја ускрати можноста за информации кои би се однесувале за други напади.

Републиканскиот сенатор од Аризона, Џон Мекејн, ја нарече грешка одлуката осомничениот за неуспешниот напад на Тајмс сквер Фаисал Шазад по апсењето, да биде информиран за неговите „Миранда права“.

Многумина Американци беа лути и кога на странскиот државјанин, Нигериецот Умар Фарук Абдулмуталаб, кој минатиот Божиќ се обиде да детонира експлозив во авион, му биле дадени истите права како на американски државјанин.

Дебатата во моментов е фокусирана на статусот на Шахзад, кој добил американско државјанство минатата година. Прашањето е дали правата, загарантирани со Уставот, важат за сите Американци, дури и оние осомничени за тероризам?

Експертите велат дека осомничените за тероризам честопати поседуваат вредни разузнавачки информации за нивните организации. За да се добијат тие информации, професорот Пилдес вели дека испрашувањата се дозволени без обврска на повикување на случајот Миранда, доколку постои закана за јавната безбедност. Но проблем е што не секогаш е лесно да се утврди кога постои ваква опасност.

Претседателот Барак Обама вели дека во основа се залага за гарантирање на правата во САД. Но, по обидите за бомбашки напади на Тајмс сквер и декемврискиот во американски авион, експертите велат дека актуелната администрација осознала колку е тешко да се остане на таквата определба додека се прават напори да се заштити јавноста, што особено го отежнува наоѓањето рамнотежа меѓу редот и правдата.

XS
SM
MD
LG