Петта година по ред, Ај-Би-Ем го следи хоризонтот на истражувањета. Овојпат компанијат избра пет технологии што ги најавува како иновации на иднината.
„На секоја технологија одделно и` е потребно време да созрее. Она што е заедничко за нив е што сметаме дека во 2015-та година сите предвидувања ќе бидат сфатени сериозно“, вели Џон Кон, главен научник во Ај-Би-Ем.
Тродимензионалната технологија е на врвот на листата наречена „Пет во пет“. Кон наведува дека филмската и телевизиската индустрија веќе се придвижуваат кон примена на 3-Де технологијата, а предвидува дека таа ќе ни овозможи интеракција со фотографии и комунизирање преку Интернет на сосема поинаков начин.
„Дури и таканаречените паметни телефони, на пример, ќе можат да ја користат технологијата за која нема да имате потреба од 3-Де очила. Комуникацијата ќе биде многу поперсонална“, коментира Кон.
Експерт смета дека и грижата дали ќе истроши батеријата на телефонот, бидејќи оние од иднината, што би „дишеле“ на литиум, ќе траат многу подолго.
Третата иновација на листата на Ај-Би-Ем е исто така за енергијата – поточно технологија што ќе собира топлината од нашите комјутери за потрбно да ја употреби.
„Научниците инсталираат мали канали во чиповите со чија помош функционираат комјутерите, тие канали ја преземаат топлината и преку специјална технологија, што користи пумпа за топлина, може да се загрееваат или пак разладуваат цели згради. На тој начин користењето на комјутерите ќе значи и штедење на енергија“, вели Кон.
Ај-Би-Ем предвидува дека ќе биде поефикасно и нашето патување од едно место до друго, благодарение на развојните решенија во транспортот.
„Во моментов, со помош на системот за глобално позиционирање, може да дознаете каде има густ сообраќај. Нашите научници работат на технологија што ќе оди чекор напред, да предвидува каде може да дојде до сообраќаен застој “, додава Кон.
Главниот научник во Ај-Би-Ем е свесен дека овие технологии можеби во моментов изгледаат како научна фантастика, но е убеден дека мошне наскоро ќе бидат дел од нашето секојдневие.