Кандидатите на конгресните избори во САД кои добија поддршка од движењето „Ти парти“ извојуваа серија клучни победи, заземајќи ги местата на пратеници од Демократската и Републиканската партија кои минаа долги години на функцја.
Ренд Пол, синот на американскиот конгресмен и поранешен претседателски кандидат Рон Пол беше првиот кандидат поддржан од „Ти парти“ кој прогласи победа за сенатско место во јужната сојузна држава Кентаки.
Пол рече дека е дел од „огромниот бран на Ти парти“ што ќе ја врати фискалната логика на сила.
Републиканскиот кандиат Марко Рубио, исто така поддржан од движењето, победи за место во Сенатот во Флорида.
Најновите анкети покажуваат дека четворица на секои десет американски гласачи велат дека се поддржувачи на движењето „Ти парти“.