Линкови за пристапност

Кандидатите на „Ти парти“ нижат победи на прелиминарните избори во САД


Кандидатите на „Ти парти“ нижат победи на прелиминарните избори во САД

Во Делавер, конзервативната активистка Кристин О`Донел неочекувано ја однесе победата пред долгодишниот конгресмен Мајкл Кестл во изборите за републикански кандидат за сенатското место од оваа сојузна држава.

Конзервативните кандидати кои имаат поддршка од движењето „Ти парти“ нижат победи на прелиминарните избори вон САД.

Во Делавер, конзервативната активистка Кристин О`Донел неочекувано ја однесе победата пред долгодишниот конгресмен Мајкл Кестл во изборите за републикански кандидат за сенатското место од оваа сојузна држава.

Кестл имаше поддршка од главнината на републиканскиот естаблишмент. О`Донел, на која аналитичарите и` даваа мала шанса за победа против искусниот Кестл, ќе се натпреварува за пополнување на сенатското место што беше испразнето со назначувањето на Џо Бајден за потпретседател.

Во Њујорк, инвеститорот на пазарот на недвижнини Карл Паладино, кој исто така ја имаше поддршката од „Ти парти“, го порази поранешниот американски конгресмен Рик Лацио и ја доби републиканската номинација во трката за гувернер на сојузната држава. Тој ќе се соочи со демократот Ендрју Куомо во ноември.

XS
SM
MD
LG