Линкови за пристапност

Светски ден на борба против туберкулозата


Светски ден на борба против туберкулозата
Светски ден на борба против туберкулозата

СЗО подвлече дека вирусот на туберкулуза е отпорен на лекови, што претставува особена загриженост.

Светската здравствена организација вели дека и покрај сите напори против туберкулозата, една третина од светската популација во моментов е инфицирана со туберкулоза, а десет проценти од нив ќе се разболат или ќе станат заразни.

Среда е Светскиот ден на борба против туберкулозата, а СЗО вели дека болеста најбрзо се шири во Југоисточна Азија. СЗО додава дека годишно, секое лице со активен вирус на туберкулоза, може да зарази 10 до 15 други луѓе.

СЗО вели дека и покрај напредокот во борбата против туберколоза во 11 земји од регионот на Југоисточна Азија, од болеста и натаму умираат половина милион луѓе секоја година.

СЗО подвлече дека вирусот на туберкулоза е отпорен на лекови, што претставува особена загриженост. Ова е посебно забележано во Бангладеш, Индија, Индонезија и Тајланд.

XS
SM
MD
LG