Линкови за пристапност

Американски претставници најавуваат офанзива против Талебан во јуни


Американски претставници најавуваат офанзива против Талебан во јуни
Американски претставници најавуваат офанзива против Талебан во јуни

Владините лица, кои побараа да останат анонимни, велат дека целта е да се истисне Талебан од градот Кандахар во истоимената покраина пред почетокот на муслиманскиот празник Рамазан во август.

Американски претставници наведуваат дека меѓународните сили во Авганистан планираат во јуни да започнат офанзива против Талебан во провинцијата Кандахар на југот на земјата.

Владините лица, кои побараа да останат анонимни, велат дека целта е да се истисне Талебан од градот Кандахар во истоимената покраина пред почетокот на муслиманскиот празник Рамазан во август.

По слична офанзива во соседната провинција Хелманд, силите на НАТО сега работат на консолидирање на контролата врз оваа област што претходно беше во рацете на Талебан.

Началникот на американскиот Здружен генералштаб, амиралот Мајк Мулен во вторникот пристигна во Авганистан за да изврши преглед на ситуацијата. Во неделата, пак, во куса и ненајавена посета на Авганистан беше претседателот Барак Обама, кој изврши притисок врз авганистанските лидери да се справат со корупцијата и да го подобрат владиниот учинок.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вети дека неговата земја на крајот самата ќе се грижи за сопствената безбедност. Белата куќа соопшти дека Карзаи ќе го посети Вашингтон на 12-ти мај.

XS
SM
MD
LG